седмостран | прид.

Што има седум страни.

седмочисленици | и.

Светите Кирил и Методиј и нивните ученици.

седмочлен | прид.

Што има седум члена; Седмочлена комисија.

седне | св.

Заземе положба на седење; седи Гостите седнаа по масите. Тој седна на креветот да се одмори. Седнавме на земја. По ручекот гостите седнаа да играат карти. Седнавме во една слаткарница да се напиеме кафе.

седница | ж.

Состанок, заседание на некое тело, организација (парламент, сенат на универзитет, одбор, совет, управа и сл.). Пленарна седница. Конститутивна седница. Сала за седници.

седокос | прид.

Што има седа, бела коса. Седокос старец.

Седржител | м.

Епитет на Господ, Бог.

седум | бр.

Основен број поголем за една единица од шест, помал за една единица од осум, се бележи со бројката 7. Седум години. Седум џуџиња. Седум недели. Седум светски чуда.

седум- | претс.

Како прв дел од сложени зборови што значат збир или состав од седум делови, предмети, поими и сл.: седумделен.

седумаголен | прид.

Што е со седум агли; седмоаголен.