троп! | изв.

За подражавање на звукот при тропање. Некој тропа, троп, троп!

тропа | несв.

тропало | ср.

Метална направа за тропање на порта.

тропаница | ж.

Тропање, тропот.

тропар | м.

Кратка пофална песна со која се слави одреден празник или светител.

тропатало | ср.

Ѕвонец, тропало.

тропи | и.

Замислени кружни линии паралелни со екваторот и оддалечени од него по северната и јужната географска ширина 23° 27'.

тропка | несв.

Тропа по малку, кратко време. Жената тропкаше со наланите по дворот. Момчињата љубопитно тропкаа на металната врата. Човекот нервозно тропкаше со прстите по масата.

тропне | св.

Произведе звук со удирање на нешто, при движење и сл. Тој тропна со бастунот по подот. Тропнаа златниците на маса. Детето тропна со нозете. Тропнаа коњите во плевната.

тропот | м.

Звук што се слуша при движење на нешто. Тропот на воденица.