туѓинство | ср.
Туѓина, странство. Таму, откако се созеде извесно време, се навикнуваше на туѓинство. Помина години во туѓинство, се врати остарен, побелен.
туѓоземен | прид.
Што е од туѓа, друга земја; странски. Туѓоземни трговци.
туѓоземец | м.
Тој што е од туѓа, друга земја; странец. Врвеа туѓоземци по нашите патишта.
туѓоземство | ср.
Туѓина, странство.
туѓоземјанин | м.
туѓојазичен | прид.
Што е од туѓ, друг јазик. Туѓојазичен израз. Туѓојазични влијанија.
туљбен | м.
Лесна женска шамија. Бел туљбен. Извезени туљбени.
туџар | м.
Трговец.