туш 3 | м.

Краток церемонијален звук на труба.

туше | ср.

Зададен удар во мечување.

туши | несв.

Пушта воздух, издишува. Туши ја гумата од велосипедот, многу е напумпана.

тушира 1 | св. и несв.

Искапе, капе со туш. Мајката навечер го тушира детето.

тушира 2 | св. и несв.

Нацрта, црта или наслика, слика со туш. Неговиот другар тушира најдобро во класот.

туѓ | прид.

Што не е лично мој, што припаѓа на друг. Туѓ имот. Туѓ тутун. Туѓа челад. Туѓа среќа. Туѓи пари. Туѓи зборови. Туѓи маки.

туѓи се | несв.

Престанува да биде близок со некого, станува туѓ, се отуѓува. Тој се туѓи од мене, а не ја знам причината. Вие сте плашливи, недоверливи, од сите се туѓите.

туѓина | ж.

Други земји; странство. Далечна туѓина. Печалбар од туѓина. Поминал многу години во туѓина.

туѓинец | м.

Човек што не е државјанин, граѓанин на земјата во која се наоѓа; странец. Туѓинец, што не го разбира нашиот јазик. Градот е окупиран од туѓинци.

туѓински | прид.

Што се однесува на туѓина и туѓинец. Туѓински гроб. Туѓинска власт. Туѓински песни.