тевна | ж.

Тишина, мир. Дојди да поразговараме на тевна.

тевнадиса се | св.

Се смири, се ослободи од работа и сл. Сега можеш да дојдеш, се тевнадисав.

Тевтон | м.

Припадник на древно германско племе

тег | м.

Метален предмет со точно утврдена тежина што служи за мерење на други предмети на вага, кантар и сл.

тегав | прид.

Што е полн со жили; жилав. Тегаво месо.

тегавец | м.

Зелјесто растение што се користи како народен лек; Plantago.

тегави | несв.

Временски завлекува, одолжува извршување на некоја работа. Не ја тегави работата.

тегавица | ж.

Истегнување, протегнување.

тегел | м.

Двоен шев.

тегет | м.

Темносина боја, темносин. Тегет костум.