тегла | ж.

Стаклен сад со валчеста форма за чување слатко, зимница и сл. На масата имаше тегли со мармалад и мед.

тегли | несв.

а) Влече запрежна кола; вози, движи нешто влечејќи го по себе. Коњите тешко теглеа по калливиот пат. б) Пренесува товар влечејќи го по земја или носејќи го. Некои растовараат, а некои теглат големи греди. Секојдневно тегли по неколку вреќи цемент.

теглилен | прид.

Што е исполнет со маки, тежок, макотрпен.

теглило | ср.

Мака, страдање. Трпеле големи маки и теглила под ропство.

тегло | ср.

Мака, страдање; теглило. Го познавам теглото на тутуноберачите.

тегне | несв.

а) Со влечење прави нешто да стане подолго или пошироко; растегнува, развлекува. Не ги тегни ракавите. б) Трга, влече. Таа му го тегнеше палтото со раката. Почна да ги тегне бројаниците.

тегоба | ж.

Непријатно чувство, мачнина, мачнотија. Здравствени тегоби.

тегобен | прид.

Што е исполнет со тегоби, тежок, мачен. Тегобно чувство. Тегобно време. Тегобна положба. Тегобен живот. Тегобен глас.

Тегусигалпа | ж.

Главен град на Хондурас.

тежа | ж.

Привлечна сила на Земјата и на другите небесни тела во вселената. Земјина тежа.