тавминџија | м.
Тој што работи за награда којашто се определува потамина.
тавминџилак | м.
Работа на тавминџија.
тавра | ж.
Дотерување, гиздење.
тавраџија | м.
Тој што многу се дотерува, се гизди; конте.
таври | несв.
Дотерува, кити, гизди некого.
тавтабита | ж.
(зоол.) Вид бескрилен инсект со плоскаво тело, паразит што живее во дрвени предмети или во пукнатини од ѕидовите, а ноќе се храни смукајќи крв од човекот; дрвеница1; Cimex lectularius.
тавтологија | ж.
Повторување на една и иста мисла со употреба на различни зборови.
тавтологичен | прид.
Што се однесува на тавтологија. Тавтологични обрати.
тавчија | м.
Каменорезец.
тага | ж.
Длабока душевна болка, жал. Тешка тага. Не чувствуваше ни умор, ни напор, ниту тага. Тој со голема тага на душата испушти една воздишка. Очите на луѓето се полни со тага.