тажалка | ж.
тажачка | ж.
Изразување тага, жал за покојникот со зборови и плач, тажење.
тажба | ж.
тажен | прид.
Што чувствува тага, што е обземен од тага. Никогаш не бил олку тажен.
тажи | несв.
Чувствува тага, жал. Не тажи, војната набрзо ќе заврши.
тажник | м.
Јадник, клетник. Никому нема да те предадам, тажнику!
тажникав | прид.
Што изразува тага, што е исполнет со тага; таговен, тажен. Тажникави тонови.
тажновина | ж.
Тага, жалост, тагување. Тажновина беше откај да се завртиш.
тажовен | прид.
Што изразува тага, што е исполнет со тага; таговен, тажен.
тазе | прид.
Што е скоро приготвен, што не ги изгубил своите природни својства, свеж. Тазе бурек.