украсувач | м.
Тој што украсува. Украсувач на фасади.
укроти (се) | св.
укротител | м.
укротлив | прид.
укруп | м.
Тага, душевна болка. Со тежок укруп во душата одеше по него. Некој укруп му застана во градите.
уќумат | м.
Државна власт, управа за време на Турската Империја.
укутари се | св.
Се собере во купче, клекне, се смести. Се укутари покрај огништето.
ула | ж.
Напаѓање на нешто свето со грди зборови, изразување незадоволство од нешто свето, кудење, пцост; хула.
улав | прид.
Луд, безумен, со помрачен ум. Улава жена. Улаво детиште. Еј, улава главо!
улавее | несв.
Станува улав; Улавее од болка.