ујаден | прид.

Што е разжален, растажен. Ујадена одеше на вода.

ујади | св.

Разжалости, растажи. Судбината ја ујади неговата душа.

ујгун | прид.

Што е погоден за нешто, згоден, добар, како што треба. Ујгун работа излезе. Многу ујгун му дојде со пазарот што го направи. Си го гледа ујгунот свој.

ујда-да-да! | изв.

Извик при терање, бркање некои животни (волк и др.).

ујдиса | св.

Погоди, стокми нешто. Ја ујдиса работата.

ујдурма | ж.

Сплетка, лукавство, подметнување, дволичност. Тоа е некоја негова ујдурма. Сите ујдурми тој ги правеше.

ујлија | прид.

За човек ‒ што е лут, нервозен, со лош карактер.

уќумат | м.

Државна власт, управа за време на Турската Империја.