улави се | несв.

Зборува или се однесува како улав; . Не улави се, не прави го тоа.

улавко | м.

Тој што е улав; будала. Улавковци ниедни!

улавски | прид.

Што се однесува, што припаѓа на улав, што е својствен на улав. Улавски ум. Улавски потфат. Улавски нагони.

улавштина | ж.

Лудост, будалштина. Секакви улавштини му се вртеа во главата. Доста ми се твоите улавштини!

улан | м.

Коњаник вооружен со копје.

Улан Батор | м.

Главен град на Монголија.

улар | м.

Дел од коњска опрема, јаже на главата на коњот за кое тој се врзува или се води.

уле | м.

Луд човек, човек со помрачен ум;

улегне | св.

Свитка под притисок на нешто, слегне. Го улегна креветот од лежење. На тоа место земјата улегнала.