урва (се) | несв.
урвен | прид.
Што е од уров.
урвест | прид.
Што е стрмен. Урвеста теснина.
урви (се) | св.
урвина | ж.
Стрмнина; урва. Се спуштаа по урвината.
урвокос | м.
Пакост, зло. Колку за урвокос дојде и тој. Кон селото се наближуваше некаков урвокос.
урвокосник | м.
Тој што носи пакост и зло. Урвокоснику низаеден.
ургентен | прид.
Што е итен, неодложен. Ургентен центар. Ургентен случај. Ургентен упат. Ургентно одделение.
ургенција | ж.
Настојување да се изврши побрзо некоја работа; ургирање. Бараше ургенција за вработување.
ургира | св. и несв.
Изврши, врши ургенција. Ургираше во општината побргу да му се заврши работата.