упростлив | прид.
Што може да се упрости.
упростувач | м.
Тој што упростува, што поедноставува.
Упсала | ж.
Универзитетски град во Шведска.
ура! | изв.
Вик на војска при јуриш на непријателот. Прејдоа во напад со громко ура.
уравниловка | ж.
Идеолошки мотивиран систем на изедначена распределба на остварениот доход меѓу производителите, независно од поединечниот придонес за квалитетот и количеството на сработеното, воопшто изедначување во општеството, нивелација.
ураган | м.
Многу развиен тропски циклон со разорна моќ, со многу брз ветер, многу силна бура.
Урал | м.
Планина и река што ги одвојуваат Европа и Азија.
Уралск | м.
Град во Казхстан.
урами | св.
урамнотежен | прид.
Глаголска придавка од урамнотежи.