ургија | ж.

Гнев, злоба, инает. Влезе ургијата во куќата. Го фати ургијата. Бре, што би оваа ургија, нема живот.

ургира | св. и несв.

Изврши, врши ургенција. Ургираше во општината побргу да му се заврши работата.

урда | ж.

Млечен производ добиен со варење на сурутката; Една рака урда.

уред 1 | м.

Орган на јавна служба, установа.

уред 2 | м.

Апарат, направа што има некаква намена. Електричен уред. Разладен уред. Клима-уред. Лансирен уред.

уредба | ж.

(прав.) Нормативен акт на највисоката државна власт со кој се регулираат одредби од законот и нивно извршување. Уредба за донесување закон за територијална поделба. Уредбата ја потпиша претседателот на државата.

уреден 1 | прид.

Што е доведен во ред, што е среден. Уреден стан. Уреден парк. Уредениот цвеќарник беше сместен до тарабите. Добро уредена држава.

уреден 2 | прид.

Што сака и одржува ред во животот, во вршењето на работите, во односите со луѓето и сл. Уредни отмени госпоѓи. Децата беа уредни чисти.

уреди | св.

Доведе во ред, среди, намести нешто. Мајка ми го уреди станот. Нашата чета го уреди добро местото за ранетите.

уредник | м.

Тој што уредува некаква публикација, весник, списание, книга, емисија на радио, телевизија и сл. Уредник на весникот „Нова Македонија“. Главен и одговорен уредник на списанието.