урнат | прид.

Глаголска придавка од урне.

урнатина | ж.

Остатоци од разурната градба. До урнатините изникнало едно дрво. Под урнатините остана целата негова покуќнина.

урне | св.

Направи нешто изградено да падне, турне градежен објект. Татко ми ја урна старата куќа и изгради нова. Војската го урна тунелот. Ги урнаа меѓите и ги здружија нивите.

урнебес | м.

Голема вика, проследена со неред. Урнебес од диви извици и пукотници од пушки. По соседните куќи се носеше урнебес.

урнебесен | прид.

Што е многу гласен, громогласен. Урнебесни викотници. Урнебесна смеа.

урнек | м.

Примерок, мустра. Везеше по урнек.

урниса | св.

Уништи, урне. Арамиите ја урнисаа куќата. Топ не може да нè урниса.

урнисан | прид.

Глаголска придавка од урниса.

уров | м.

Едногодишна фуражна култура; Vicia ervilia L.

урок 1 | м.

Облик на црна магија при што се верува дека со поглед може некому да му се нанесе зло. Бае од уроци. Да не му е од урок. Лесно го фаќаат уроци.