утепа | св.
утеха | ж.
Зборови упатени кон ожалостен со цел да ублажат чувство на тага. Кажи ми збор за утеха. За секого имаше утеха, за болни, за сакати, за ужалени, за очаени. Тоа беа зборови на утеха и надеж.
утешен | прид.
Глаголска придавка од утеши.
утеши | св.
Даде утеха, ублажи нечија болка, тага. Старецот го утеши детето што плачеше. Тој ја утеши младата жена со убави зборови. Писмото што пристигна тоа утро го утеши. Мудрите зборови на баба ми ме утешија.
утешител | м.
Тој што утешува.
утешителен | прид.
Што дава утеха, што е за утеха. Утешителни зборови. Утешителна насмевка.
утешлив | прид.
Што може да се утеши.
утилитарен | прид.
Што донесува корист, полза, практичен, корисен, полезен. Утилитарни цели. Утилитарен однос кон науката.
утилитаризам | м.
Етичко учење што ја смета ползата како основна цел на личниот и општествениот морал.
утилитарист | м.
Приврзаник на утилитаризмот.