устројство | ср.

Распоред, сооднос на деловите на една целина, конструкција, механизам. Устројство на новата централа за телекомуникации. Устројството на машината беше многу сложено.

устрчник | м.

Лице што оди пред сватовите и прв влегува во куќата на невестата да го најави доаѓањето на сватовите, или во куќата на зетот да најави дека се враќаат од венчавање.

усукан | прид.

Глаголска придавка од усуче.

усул | м.

Правило, принцип, ред, одмереност, со мерка; пристојно, разумно. Со усул прави го тоа.

усуче | св.

За конци, предено и сл. ‒ соедини две или повеќе нитки виткајќи ги една околу друга. Го усукав преденото. Го усукува врвот од конецот и го вденува во иглата.

ут 1 | м.

(зоол.) Ноќна птица грабливка со кафеави или сиви пердуви, со големи црни очи, карактеристична по огласувањето со звукот „хуу-ху-ху“; утка; Strix aluco. Јато утови прфна од камбанаријата.

ут 2 | м.

Жичен музички инструмент сличен на лаута.

ута | ж.

ута | несв.

За ут ‒ испушта глас. Утот ута.