утилитаризам | м.
Етичко учење што ја смета ползата како основна цел на личниот и општествениот морал.
утилитарист | м.
Приврзаник на утилитаризмот.
утина | несв.
утица | ж.
Женка на ут.
утка 1 | ж.
(зоол.) ут2. (прен.) За маж или жена ‒ будала, слепец тапоглавец. Што знаеш ти мори утко, уткосана.
утка 2 | ж.
Непогодување на целта, неуспех. Тоа е или подвиг или утка. Направи утка.
уткае | св.
Вметне со ткаење или во текот на ткаењето. Во фустанот уткала многу украси.
уткин | прид.
Што ѝ припаѓа на утка, што се однесува на утка. Уткино седало. Уткин крик.
уткоса | св.
Во изразот: утко уткосана.
утлеиса | св.
Испегла со утија.