утлеисан | прид.

Глаголска придавка од утлеиса.

утман | м.

(зоол.) Вид риба, клен; Leuciscus cephalus. Се прави рибар, а утман не може да улови.

утне 1 | св.

За птица ут, утка ‒ се огласи специфичен глас. Негде утна утка.

утне 2 | св.

Не погоди, пропушти, не фати. Ја утна топката. Го утна голот.

утовар | м.

Товарање стока на нешто или во нешто;

утовари | св.

Натовари стока на нешто или во нешто;

утоварувач | м.

Работник што работи на утовар на стока.

утока | ж.

Место каде што река или поток се влева во друга река, езеро или море. Утоката на Брегалница во Вардар. Од изворот до утоката.

утоне | св.

Потоне. Утонал до гуша.

утоп | м.

Што е многу мокар, мокар до кожа. Утоп станал. Постелата утоп станала.