училиштен | прид.

Што се однесува, што припаѓа на училиште. Училиштен прибор. Училиштен одбор. Училишна библиотека. Училишно ѕвонче.

училница | ж.

Просторија во која се одржува настава, во која се учи. Во училницата влезе професорот.

учило | ср.

Училишно помагало. Учебници и учила.

учини | св.

Направи, стори.

учинок | м.

Резултат од работа, ефект од извршена работа. Го плаќа по учинок.

учител | м.

Просветен работник што ги учи учениците во основно училиште. Учителот во прво одделение.

учителски | прид.

Што се однесува, што припаѓа на учител. Учителска школа. Учителската работа ја започна во селското училиште. Учителска дејност.

учителство | ср.

Учителска професија, учителска дејност. Учителството ми стана преокупација.

учителствува | несв.

Врши учителска дејност, работи како учител. Во 1883 година Прличев учителствувал во Солун. Јордан Хаџиконстантинов ‒ Џинот извесно време учителствувал во Скопје.