уценувачки | прид.
Што има карактер на уцена. Уценувачко писмо.
участок | м.
Полициска станица. Партизаните извршија напад на участокот.
учебен | прид.
Што се однесува на учењето; училиштен. Учебно помагало.Учебна програма. Учебна година.
учебник | м.
Училишна книга, од која се учат содржини предвидени со наставната програма. по определен предмет, обично службено одобрена. Учебник по македонски јазик. Учебник по хемија.
учебникар | м.
Автор, пишувач, составувач на учебник. Македонски учебникари од втората половина на деветнаесеттиот век.
учебникарски | прид.
Што е својствен на учебникар. Учебникарска дејност. Учебникарска работа.
учебникарство | ср.
Пишување, составување учебници. Учебникарството во Македонија во деветнаесеттиот век.
учебнички | прид.
Што се однесува на учебник. Учебнички карактер. Учебнички текстови.
учен | прид.
Глаголска придавка од учи.
ученик | м.
Дете, момче или девојче, млад човек што оди на училиште. Ученик во основно образоване. Просечен ученик. Одличен ученик.