учителствува | несв.

Врши учителска дејност, работи како учител. Во 1883 година Прличев учителствувал во Солун. Јордан Хаџиконстантинов ‒ Џинот извесно време учителствувал во Скопје.

учкур | м.

Гајтан со кој се врзувааат гаќите или шалварите; гаќник.

учкурлак | м.

Место на гаќите или на шалварите каде што се протнува учкурот.

Учкур-тајфа | ж.

Дружина.

учтив | прид.

Што е пристоен во однесувањето, што има убав, добар однос кон другите. Учтив човек. Учтив чиновник.

уш! | изв.

Извик за терање на магаре.

ушак | м.

Курир, поштар.

уше | ср.

ушен | прид.

Што се однесува на уво, што е дел од уво. Ушно тапанче. Ушни школки. Ушен канал.

ушест | прид.

Што е во форма на уво. Ушест був.