ушница | ж.

Накит што се носи на ушите; обетка, обетки.

уште | прил.

За додавање кон означеното, додавање на ново количество или повторување на означеното дејство. Дојдоа уште двајца. Испи уште три пива. Собра уште три кошници грозје. Сплете уште еден џемпер.

уштип | м.

Месечева мена кога месечината се подјадува, се намалува.

ушурлија | м.

Тој што зема ушур, што сака да зема ушур.

ушутка се | св.

Се збуни, се вртка натаму, наваму. Некако се ушутка и ништо не можеше да најде.

уѓе | прил.

Само компаратив, во изразот Нека му е уѓе ‒ малку е тоа за него, така му треба.

уј | м.

Лош табиет, нервоза, лутина, срдитост. Им го познава добро ујот. Таков им е ујот, таков ќуд имаат. Се чуди што уј ги има удрено луѓето.