фактографија | ж.

Опишување на факти без навлегување во анализа. Авторот строго се придржува кон фактографијата.

фактор | м.

Движечка сила, средство или услов за некој процес или појава. Политички фактор. Културните растенија својот живот го одвиваат во непосредна врска со факторите на надворешната средина.

фактура | ж.

Сметка за продадена стока или извршена услуга со детален опис за видот, типот, цената и сл. на тоа што е предмет на фактурирање. Фактура за печатарски трошоци.

фактурира | св. и несв.

Издаде, издава, наплати, наплатува фактура;

фактурист | м.

Тој што врши фактурирање.

факултативен | прид.

Незадолжителен, што може да се избере по своја волја. Факултативен предмет на студии.

факултет | м.

Посебна целина во рамките на еден универзитет каде што се изучуваат сродни дисциплини и специјалности. Педагошки факултет. Филолошки факултет. Медицински факултет. Заврши два факултета.

факултетлија | м.

Човек со факултетско образование.

фала | изв.

Израз за искажување благодарност. Фала ви за таа поука. Фала ти за разбирањето и поддршката во овие моменти.

фалага | ж.

Направа за мачење, за тепање по стапалата. Нам не ни треба бич и фалага. ...ни ги тегнеа рацете и нозете, ни ги свиваа во железна фалага