фаланга | ж.
(истор., воен.) а) Збиена борбена формација составена од тешка пешадија вооружена со долги копја, јадро на античката македонска војска. Македонска фаланга. б) Слична таква борбена формација во античко време.
фалба | ж.
пофалба.
фалбаџиство | ср.
Неумерено фалење, обично самиот себеси. Зошто ни е ова фалбаџиство? Ја немаше во него веќе онаа животна сила и познатото фалбаџиство.
фалбаџија | м.
Тој што се фали самиот себеси. Нескромен фалбаџија. Силен на зборови, фалбаџија!
фалбен | ж.
фаленица | ж.
Фалење; Таа удри многу фаленици дека имаат со.
фаленичар | м.
Тој што се фали. Сериозен е во зборовите и не е фаленичар.
фали 1 | несв.
Искажува пофалба за особините на некого или за својствата на нешто. Го фалеа во писмата дека вредно учел и работел. Ги фалеше соседите дека се едноставни и воздржливи. Толку ја фалеше колата, а веќе му се расипала.
фали 2 | несв.
Недостасува, недостига. Му фалат уште десет денари за играчката. Што уште им фали?
фалимент | ср.
Банкрот на фирма, стечај, неспособност за плаќање. Соседот мој ќе даде фалименто, многу е заборчен, а слаб е со капитал