фуфка | ж.

Фуфка му идеше и почна да пелтечи.

фуфка | несв.

Чувствува страв, се плаши. Сигурно му фуфка да излезе пред неа. Ти фуфка да одговараш?

фуфул | м.

Кикиришка на петел.

фуцеле | ср.

Буренце. Фуцеле со ракија.

фучи | несв.

Произведува висок и остар звук, шум обично при брзо струење на воздухот или при брзо движење на некое тело низ воздухот. Фучеа ветришта и виулици. Фучат покрај неа безброј камиони и коли.

фучија | ж.

Буре.

фушер | прид.

Тој што работи лошо, површно и неквалитетно. фушерски, фушерскиот Фушерска работа.

фушкија | ж.

Коњски измет, гној.