футуризам | м.

Правец во литературата и во ликовната уметност, настанат во почетокот на 20 век во Италија, кој ја отфрла традицијата и со надворешни, механички средства ја изразува динамиката на градот и на современиот живот.

футурист | м.

Приврзаник на футуризмот.

футуристички | прид.

Што се однесува на футуризам и на футурист. Футуристичка слика. Футуристички правец.

футуролог | м.

Специјалист по футурологија.

футурологија | ж.

Наука што врз основа на факти и искуства се обидува да го предвиди развојот на идните настани, на тоа што претстои.

фуфица | ж.

Прчла, помодарка и сл.

фуфка | ж.

Фуфка му идеше и почна да пелтечи.

фуфка | несв.

Чувствува страв, се плаши. Сигурно му фуфка да излезе пред неа. Ти фуфка да одговараш?

фуфул | м.

Кикиришка на петел.

фуцеле | ср.

Буренце. Фуцеле со ракија.