фурнира | св. и несв.

Обложи, обложува со фурнир.

фурор | м.

Голем успех, восхит, воодушевување. Фанатичен поетски фурор.

фуснота | ж.

Белешка под текстот, обично напишана со поситни букви и означена со бројка, во која се објаснува нешто во врска со дадениот текст.

фуста | ж.

Здолниште, долен дел од фустан.

фустан | ж.

Женска облека, кошула, блуза и здолниште скроени во едно. Девојките беа облечени во летни фустани. Таа беше облечена во долг свилен фустан.

фустанлак | м.

Материјал за изработка на фустани.

фута | ж.

Ги сопашаа футите и излегоа во дворчето. Надвор седеа занаетчиите со фути преку колената.

футрола | ж.

Кутија, корица, навлака за чување и заштита на предмет, инструмент и сл. Футрола за очила. Тој веднаш го извади пиштолот од футролата. Го врати дурбинот во футролата. Ја извади виолината од футролата и почна да свири.

футур | м.

Глаголска форма со која се искажува идно дејство, идно време.