хидрат | м.
Соединение на водата со оксиди на киселините.
хидратација | ж.
Процес на соединување на определена супстанција со вода без да се раствори.
хидратен | прид.
Што се однесува на хидрат.
хидраулика | ж.
Дел од физиката што се занимава со практичната примена на водената сила и движењето на течностите.
хидрауличен | прид.
Што се однесува на хидраулика. Хидраулична преса. Хидраулични машини.
хидро- | претс.
Како прв дел од сложенки означува дека вториот дел од зборот е во врска, во однос со вода: хидроавион, хидроакумулација, хидрографија, хидроцентрала.
хидроавион | м.
Авион со пливки наместо тркала, специјализиран за полетување и слетување на водени површини.
хидроакумулација | ж.
Акумулација на вода.
хидробиологија | ж.
Дел од биологијата што го проучува живиот свет во водните средини.
хидробус | м.
Мал пловен објект наменет за крстосување по помали водни површини - езера, реки, канали, пристаништа.