хигиеничар | м.
Тој што е задолжен за одржување на хигиената; тој што чисти, чистач. Затворски хигиеничар. Хигиеничар во училиштето.
хигиенски | прид.
Што се однесува на хигиена. Хигиенски навики. Хигиенски услови.
хигиона | ж.
Дел од медицината што го изучува влијанието на средината врз здравјето, причините за заболување и начините на нивно отстранување. Доктор по хигиена на трудот.
хигрометар | м.
Метеоролошки инструмент за мерење на релативната влажност на воздухот.
хигрометрија | ж.
Мерење на апсолутната или на релативната влажност на некоја материја, обично на гасови, а особено на воздухот.
хигроскопен | прид.
хигроскопичен | прид.
Што има својство да ја впива влагата од својата околина.
хидра 1 | ж.
Во старогрчката митологија – многуглаво змијолико суштество.
хидра 2 | ж.
Мало слатководно мекотелно животно; Hydra viridis.
хидрант | м.
Уличен приклучок за вода или противпожарен приклучок за вода во зграда, објект.