хидроним | м.
Име на водна површина – река, езеро и сл.
хидронимија | ж.
Целокупност на имињата на водени површини.
хидроплан | м.
хидросистем | м.
Систем за наводнување на обработливо земјиште.
хидросфера | ж.
Водната површина на Земјата (океани, мориња, езера, реки).
хидротерапија | ж.
Медицинско лекување со помош на водата.
хидрофобија | ж.
Страв од вода.
хидрофор | м.
Пумпа за извлекување, исцрпување на вода од длабочина.
хидроцентрала | ж.
Електрична централа на воден погон.
хиена | ж.
(зоол.) Крволочно животно од родот кучиња со крзно од кратки влакна прошарено со темни линии или кругови; Hyaena.