хиерархизација | ж.
Поставување, востановување однос на подреденост.
хиерархија | ж.
Систем на вертикална подреденост, поредок по ранг од понизок кон повисок, статусна скала. Природна хиерархија. Црковна хиерархија. Општествена хиерархија. Хиерархија во комуникацијата.
хиероглиф | м.
а) Сликовно писмо кај старите Еѓипќани. б) Вообичаен назив за знаците на поимското писмо на некои народи (кинеско, јапонско, корејско и др. )
хијат | м.
хилус | м.
Средишен дел на некои внатрешни органи низ којшто поминуваат поголеми крвни садови, нерви и лимфни јазли.
Хималаи | и.
Планина во Азија.
химен | м.
Девствена опна, ципа.
химера | ж.
Старогрчко митолошко суштество со глава на лав, труп на коза и опашка на змеј.
химеричен | прид.
Што не може да се оствари, што е неисполнив.
химна | ж.
Свечена песна, музичко дело како симбол на државата. Национална химна.