хипокористичен | прид.

Што се однесува на хипокористик и хипокористика; Хипокористичен суфикс. Хипокористично образување.

хипокризија | ж.

Прикривање на вистинските особини и лажно претставување во добро светло;

хипокрит | м.

Тој што е склон на хипокризија; лицемер.

хипопотам | м.

Крупно водно, тревопасно животно што живее во Африка, нилски коњ; Hippopotamus amphibius.

хипотакса | ж.

Поврзување на два синтаксички члена (збороформи, именски групи, реченици) од кои едниот е зависен од другиот.

хипотеза | ж.

Научна претпоставка со определена веројатност којашто сè уште не е докажана.

хипотека | ж.

Заложување на недвижен имот како осигурување за да се добие определен заем. Кредит со хипотека. Стан под хипотека.

хипотекарен | прид.

Што се однесува на хипотека. Хипотекарен кредит.

хипотенуза | ж.

Најдолгата страна кај правоаголен триаголник што се наоѓа наспроти правиот агол.

хипотетичен | прид.

Што се засновува на хипотеза. Хипотетичен развој. Хипотетични размислувања.