хипнотизер | м.

Тој што се занимава со хипноза.

хипнотизира | св. и несв.

Изврши, врши хипноза над некого.

хипнотички | прид.

Што се однесува на хипноза, хипноти Хипнотичка состојба. Хипнотички методи. Хипнотичка послушност.

хипо- | претс.

Како прв дел од сложенки означува дека тоа што го означува вториот дел од зборот е помалку од вообичаеното, под нормалата: хиповитаминоза, хипогликемија;

хиповитаминоза | ж.

Делумен недостаток, пониско од нормалното ниво на витамини во крвта.

хипогликемија | ж.

Пониско од нормалното ниво на гликоза, шеќер во крвта.

хиподром | м.

Место за коњски натпревари. Градски хиподром. Приватен хиподром. Хиподромот се обновува.

хипокористик | м.

Галовно име на некого или нешто.

хипокористика | ж.

Севкупноста на галовните именувања во јазикот.

хипокористичен | прид.

Што се однесува на хипокористик и хипокористика; Хипокористичен суфикс. Хипокористично образување.