хирургиски | прид.
хируршки | прид.
Што се однесува на хирург и хирургија. Хируршка клиника. Хируршки болести.
хисар | м.
Тврдина, кале, град со ѕидини.
хистерија | ж.
Абнормална психолошка состојба, растројство проследено со привидна физичка болка.
хистерик | ж.
Тој што страда од хистерија
хистеричен | прид.
Што се однесува на хистерик и хистерија. Хистеричен човек. Хистерични извици.
хистологија | ж.
Дел од медицината што се занимава со проучување на градбата на ткивата кај живите организми.
хит | прид.
немен. по род прид. Тоа што е актуелно, популарно. Хит-мелодија. Хит-филм. Оваа сезона црвената боја е хит.
хитон | м.
Во античка Грција – широка горна облека од лен или волна закопчана на едното рамо.
Хјурон | м.
Езеро во Северна Америка, од Големите Езера.