хлорен | прид.
Што се однесува на хлор; што содржи хлор. Хлорна киселина. Хлорна вар.
хлорира | св. и несв.
Избели, избелува; дезинфицира со хлор. Водата редовно се хлорира.
хлороводород | м.
Соединение на хлор со водород.
хлорофил | м.
Материја кај растенијата што им ја дава специфичната зелена боја и го овозможува процесот на фотосинтеза.
хлороформ | м.
Безбојна течна материја со сладок вкус и специфичен мирис која се користи во медицината за успивање.
хм! | изв.
За изразување на сомневање, колебање, недоверба, чудење, замисленост. – Хм, не сум сигурна дека така е најдобро! – Хм, навистина велиш?!
хмелен | прид.
Што се однесува на хмељ, што е од хмељ. Хмелно брашно.
хмељ | м.
Лазечко растение чии цветови се користат во производството на пиво и за производство на маја за леб; Humulus lupulus. Одгледување хмељ. Квасец од хмељ.
хо! | изв.
За изразување зачуденост, изненаденост. – Хооо, еве каде биле!
хоби | ср.
Пријатна активност, занимање заради лично задоволство и рекреација. Несекојдневно хоби. Хоби ми е сликањето.