хремав | прид.

Што е заболен од хрема.

хрестоматија | ж.

Печатена збирка од избрани делови од познати литературни дела; збирка од одбрани текстови од определена област.

хризантема | ж.

Вид декоративно цвеќе со крупни бели, жолти или виолетовоцрвени цветови со густи повеќеслојно распоредени венечни листови; Chrysanthemum indicum. Бела хризантема. Жолта хризантема. Букет од хризантеми.

хрисовул | м.

Средновековна грамота на владетел со златен потпис и печат.

христијанизација | ж.

Покрстување, примање на христијанството, преминување во христијанство. Постепена христијанизација. Доброволна христијанизација. Христијанизација на населението.

христијанизира | св. и несв.

Направи, прави некој да го прими христијанството; покрсти, покрстува некого. Црквата го христијанизира паганското население.

христијанин | м.

Припадник на христијанската религија.

христијански | прид.

Што се однесува на христијанин и христијанство. Христијански морал. Христијанско име. Христијанска куќа. Христијански канони.

христијанство | ср.

Една од најраспространетите религии која се појавила во првиот век од нашата ера, а се темели врз верата во богочовекот Исус Христос.