хранилка | ж.
Сад или определено место каде што се става, дава храната. Автоматска хранилка. Хранилка за пилиња.
хранител | м.
Тој што храни некого или нешто. Стана хранител на залутаното срнче.
хранителен | прид.
Што служи за храна; прехранбен. Хранителен производ.
храница | ж.
хранлив | прид.
Што содржи определено количество корисни материи за организмот. Хранлива вредност. Хранливи состојки. Хранливи материи. Супата е хранлива. Здрави и хранливи производи.
хранопровод | м.
Орган во вид на цевка низ кој поминува храната од устата до желудникот.
Хрватска | ж.
Држава во Европа.
хрема | ж.
Воспаление на слузницата на носот; настинка.
хремав | прид.
Што е заболен од хрема.
хреновка | ж.