харизматичен | прид.

Што се однесува на харизма.

харикири | ср.

Ритуално самоубиство со распорување на стомакот кај Јапонците.

харинга | ж.

Вид морска риба: Clupea harengus.

Харков | м.

Град во Украина.

хармонизација | ж.

Компонирање на музичка придружба на една мелодија.

хармонизира | св. и несв.

Направи, прави хармонизација на музичко дело.

хармоника | ж.

Инструмент со рачен набран мев и клавиши што произведува звуци на принцип на пневматик.

хармоникаш | м.

Тој што свири хармоника. Познат хармоникаш.

хармониум | м.

Инструмент со клавијатура сличен на оргули.

хармоничен | прид.

Што е доведен во хармонија, созвучен, благозвучен, мелодичен. Хармоничен валцер. Хармонични звуци од пијано.