хаотичен | прид.
Што има отсуство на ред, што е во збрка, несреден. Хаотичен човек. Хаотични размислувања.
хапакс | зам.
Збор што е само еднаш употребен, авторски неологи
харанга | ж.
Говор што подбуцнува против некого, поттикнува, распалува немир.
харангер | м.
Тој што харангира.
харангира | св. и несв.
Одржи, држи говор што подбуцнува, што поттикнува, што распалува.
Хараре | ср.
Главен град на Зимбабве.
хардвер | м.
Физички компоненти на комјутерскиот систем (матична плоча, процесор, меморија и др.).
хард-диск | м.
Дел од комјутерскиот систем, магнетен уред за складирање, трајно чување на програмите и податоците во комјутерот.
харем | м.
Простории за жените во муслиманска куќа. Харем на султанот.
харизма | ж.
Способност, моќ за силна привлечност и импресионирање.