хаубица | ж.

Вид артилериско оружје, тежок топ наменет за бомбардирање.

хаусмајстор | м.

Тој што има службена должност да се грижи за ситни поправки во организацијата, во станбен објект и сл. Вешт хаусмајстор. Хаусмајсторот ја поправи бравата.

хациенда | ж.

Голем, простран имот составен од дел за живеење придружен со фарма, селско стопанство, плантажи и сл.

хашиш | м.

Наркотично средство што се добива од индиски коноп; Cannabis sativa.

Хајделберг | м.

Град во Германија.

Хајдерабад | м.

Град во Индија.

хајка | ж.

Гонење на диви животни заради лов. Хајка на волци.

хајкач | м.

Тој што учествува во хајка.

хаџи | м.

Збор што стои пред личното име на тој што бил на аџилак; Хаџи Станко. Хаџи Јован.

хаџија | м.

Тој што бил на поклонение на светите места - Ерусалим за христијаните и Мека за муслиманите;