хе! | изв.

За изразување некаков негативен став – незадоволство, негодување, сомневање и сл. Хе, кој знае дали така ќе биде ?! Хе, делата нека не зборуваат!

хегемон | м.

Тој што ја има водечката, раководната улога во општеството, што спроведува хегемонија; господар, владетел.

хегемонизам | м.

Владеење над други (обично држави, народи) засновано врз хегемонија.

хегемонија | ж.

Превласт, надмоќно раководење, владеење на една класа или држава во однос спрема други класи или држави.

хегемонист | м.

Припадник, приврзаник на хегемонија.

хегемонистички | прид.

Што се однесува на хегемонија и на хегемонист.

хедонизам | м.

Филозофско учење според кое највисока цел во животот е постигнување на лично задоволство и телесно уживање.

хедонист | м.

Приврзаник на хедонизмот.

хеј! | изв.

За изразување на изненадување. – Хеј, види што најдов!

Хекатомба | ж.

Масовна жртва од сто вола кај старите Грци.