целодневен | прид.

Што трае цел ден. Целодневна екскурзија.

целокупен | прид.

Што ги опфаќа сите делови, што е целосен, полн. Целокупен развој. Целокупна дејност. Целокупна поезија.

целосен | прид.

Што е сеопфатен, полн, што претставува една целина. Целосен успех. Целосна информација.

целост | ж.

Тоа што претставува една целина, едно цело; целина1 Говорна целост. Ритмичка целост.

целофан | м.

Тенка, проѕирна хартија што се прави од целулоза и не пропушта вода, служи за завиткување, пакување храна и сл. Цвеќе во целофан. Торта во целофан.

целув | м.

Бакнеж. Врели целуви.

целулит | м.

Воспалување на сврзното ткиво под кожата (обично на нозете, стомакот и задникот) во вид на наталожени масти и вода.

целулоза | ж.

Главен составен дел на растенијата, се употребува за производство на хартија, вештачки влакна, лакови и др. Содржината на целулозата во растенијата е различна.