целулозен | прид.

Што има целулоза, што е од целулоза. Целулозна хартија. Целулозни влакна.

целулоид | м.

Пластична, еластична, многу отпорна и лесно запалива материја што се добива од нитроцелулоза и има широка примена.

целулоиден | прид.

Што се однесува на целулоид, што е од целулоид. Целулоидна топка. Целулоидна лента.

цемент | м.

Силикатна сива смеса добиена со усвитување на вар и глина која, кога ќе се смеша со вода и песок, станува тврда како камен. Бунар од цемент. Фабрика за цемент.

цементарница | ж.

Фабрика за цемент.

цементен | прид.

Што се однесува на цемент, што содржи цемент. Цементна плоча.

цементира | св. и несв.

Обложи, обложува, пополни, пополнува, зацврсти, зацврстува со цемент. Го цементираше подот во визбата. Ја цементира патеката во дворот.

цена | ж.

Вредност на нешто (стока, имот, труд и сл.) изразена во пари или во нешто друго. Продажна цена. Откупна цена. Ниски цени. Високи цени. Пазарни цени.

ценач | м.

Лице што оценува, проценува вредност на нешто; проценител. Ценачи на жетвата.