цепутка | ж.

цепнатина.

цепци | и.

Делови на разбој; штичиња или дрвени плоснати прачки за разделување на основата меѓу задното кросно и ништите.

цепче | ср.

цер 1 | м.

Вид даб; Quercus cerris. Паднал од цер. Ниски церје.

цер 2 | м.

Средство за лекување, лек. За таа болест нема цер.

церада | ж.

Восочно платно.

церебрален | прид.

Што се однесува на мозокот; мозочен. Церебрален удар. Церебрална парализа.

церека се | несв.

Се кикоти. Се церекаше од смеа.

церемонија | ж.

Однапред пропишани или традиционално утврдени правила на однесување и ред на постапки при некоја свеченост. Свадбена церемонија. Црковна церемонија.

церемонијал | м.

Утврден ред од настани, обичаи или обреди што треба да се почитуваат во текот на некоја свеченост; службено утврден распоред за текот на свеченоста. Традиционален церемонијал.