циркон | м.

Скапоцен камен во различни бои со силен, дијамантски сјај. Прстен со циркон.

циркулар 1 | м.

Умножено писмо, распис што се праќа до организациони единици, поединци и сл.; Циркуларот беше пратен до сите вработени.

циркулар 2 | м.

Кружна пила за сечење дрва. Го расипа циркуларот.

циркуларен 1 | прид.

Што се однесува на циркулар1. Циркуларно писмо.

циркуларен 2 | прид.

Што се однесува на циркулар2. Циркуларен нож.

циркулација | ж.

Кружно движење, кружење. Циркулација на крвта. Циркулација на воздухот.

циркулира | св. и несв.

Се движи во круг, кружи. Топлиот воздух циркулира во садот.

циркумфлекс | м.

Вид акцент во некои јазици.

циркус | м.

а) Група луѓе кои патуваат и изведуваат театарски претстави прикажувајќи различни вештини поврзани со акробатика, гимнастика, жонглирање, дресирање животни и др. Во градот пристигна циркус. б) Вид театарска изведба, претстава што прикажува такви вештини. Гледавме циркус. Тој е акробат во циркус.

циркусант | м.

Циркуски артист, акробат. Млади циркусанти.