цвеќар | м.

Лице што одгледува или продава цвеќиња. Цвеќарот продаваше само рози.

цвеќарник | м.

Градина, место каде што се одгледуваат цвеќиња. Цвеќарник со лалиња.

цвеќарница | ж.

Продавница за цвеќиња. Работи во цвеќарница.

цвеќарски | прид.

Што се однесува на цвеќар и на цвеќарство. Цвеќарска професија. Цвеќарска улица.

цвеќарство | ср.

Одгледување и трговија со цвеќиња. Се занимава со цвеќарство.

цвеќе | ср.

Растение со лисја и со цвет. Собно цвеќе. Зимско цвеќе. Расцутени цвеќиња. Полски цвеќиња.

цвик | м.

Течност што се исцедува од потсирено млеко, сирење или урда; преварена и прецедена сурутка. Пресен цвик.

цвика | несв.

цвикне_1

цвикне | св.

Пресече наеднаш со клешта, обично метална жица и др.