цветен 1 | прид.

Што се однесува на цвет, што му припаѓа на цвет. Цветен прав. Цветна пупка.

цветен 2 | прид.

Што се однесува на деновите пред празникот Цветници. Цветен петок. Цветна недела.

цветец | м.

Носеше бел цветец во косата.

цвети | несв.

цветне | св.

Процвета, расцвета, пушти цвет. Цветна јаболкницата во дворот.

Цветници | и.

Христијански празник, посветен на Христовото влегување во Ерусалим, што се слави во неделата пред Велигден; Цветна недела. Првпат отиде кај нив дома на Цветници.

цветок | м.

Жолт цветок.

цветоносен | прид.

Што има цвет, што е со цвет. Цветоносно стебло. Цветоносни растенија.

цветче | ср.

Сино цветче. Разнобојни цветчиња.