чевре | ср.
Танка четириаголна шамија за на глава, обично извезена со сребрени нишки. Бело чевре. Сите жени носеа чевриња на глава.
чедник | м.
Татко, родител.
чедо | ср.
Дете, рожба, син или ќерка. Го чуваше како свое чедо. Им даде Господ чедо.
чедоморец | м.
чедоморство | ср.
чедоубиец | м.
Убиец на сосптвеното чедо, дете; чедоморец.
чедоубиство | ср.
Дејност на чедоморец и чедоморка; чедоморство.
чеза | ж.
Лесна запрежна коњска кола на две тркала. На железничката станица го чекаа со чеза. Чезата полека се клацкаше по калдрмата.
чезне | несв.
Се губи, гине, исчезнува. Тука чезнат силите на фантазијата. Ѕвезди чезнат полека на небото.
чеиз | м.
Спрема, постелнина и покуќнина што ја носи невестата во куќата на момчето, приќе, мираз. Чеизот на девојката го редат во една соба. Невестата донесе голем чеиз.