чек | м.
Писменен налог за исплата. Граѓански чек. Бариран чек.
чека | ж.
чека | несв.
Се наоѓа, е некаде во очекување на однапред најавен настан. Јас ја чекав ќерка ми на аеродром. Таа го чека пријателот пред кино „Вардар“. Го чекавме возот за Белград. Пациентите во чекалната чекаа за преглед. Тој чекаше нова работа. Чекав некое време, видов не видов, си заминав.
чекален | м.
Тој што чека, што пречекува. Еден од сватовите тргна напред за да ги извести чекалените кај невестата дека зетот иде. Туѓоземјаните на ридот ги пречекаа чекалени.
чекалиште | ср.
Место каде што се чека.
чекална | ж.
чекалница | ж.
Посебна просторија за чекање. Мала чекалница ја одделуваше ординацијата од влезот во амбулантата. Во чекалницата на автобуската станица врие од народ.
чекан | м.
Рачен алат за набивање или ковење. Дрвен чекан. Чеканите од тенеќеџилниците чукаат во еден ритам. Ковачки чекан.
чекач | м.
Тој што чека. Ловџиите се поделија на два табора, едните се терачи, другите чекачи.
чеклас | м.
Иглички на класот кај некои жита и треви слични на жито. Чеклас му се нафатил по чорапите. Откако го издува чекласот, го чисти глотежот од зрната.